Последна надеж за правење пари: Тајсон и Холифилд влегуваат во голем бизнис со канабис

Легендарниот боксер Мајк Тајсон веќе неколку години се занимава со производство на канабис, неговите колачи наречени „Mike Bites“ го преплавија странскиот пазар и постигнаа успех, а по истиот пат тргна и Ивандер Холифилд, па неговото партнерство со „челичниот“ ќе послужи да се пробие на пазарот.

Многумина се сеќаваат на познатиот меч за титулата светски шампион во тешка категорија во 1997 година, кога Тајсон целосно полуде за време на дуелот и му одгриза дел од увото на Холифилд, а таа сцена остана засекогаш снимена и изгравирана од сите љубители на боксот.

Сега, многу години подоцна, лутите ривали станаа деловни партнери, а нивната новоформирана компанија се вика “Carma Holdings“, во која е сместена долгогодишната компанија за колачи на Тајсон – „Тајсон 2.0“.

Нивниот прв заеднички производ на пазарот ќе бидат колачињата „Holy Ears“, кои се опишани како целосно природни, вегански и без глутен, а ќе бидат понудени во различни варијации на THC, Делта 8 и други варијанти од канабис.

– Од „Mike Bites“ до „Holy Ears“, сега љубителите на канабисот низ светот можат да ги искусат истите здравствени придобивки што ми ги донесоа производите од растителна основа. Привилегија е што се здружив со мојот поранешен ривал, а сега долгогодишен пријател и што годините на борби, удари и нокаути ги претворивме во партнерство кое може позитивно да влијае на здравјето на луѓето, откри Тајсон.

Останати вести