Оваа сабота, на 26 ноември, е ден на избори и последен ден кога гласачите од Викторија можат да ги дадат своите гласови на државните избори во 2022 година.
Овие ќе бидат најголемите државни избори кои некогаш биле оддржани во историјата на Викторија со 4.4 милиони запишани жители на Викторија (до затворањето на гласачките листи во вторникот на 8 ноември).
“Ќе го испратиме нашиот потсетник за гласање (VoterAlert) на сите претплатници кои се уште не гласале, за да ги потсетиме да гласаат пред 6 часот попладне,“ рече Изборниот комесар, Dana Fleming. “Можете да одите онлајн на vec.vic.gov.au и да го користите нашиот локатор за гласачки центри (Voting Centre Locator) за да го најдете вашиот најблизок гласачки центар – совет за да ги избегнете редиците е да стигнете таму во средината на попладневните часови.
Оваа година има вкупно 1.194 номинирани – 454 за Горниот Дом и 740 за Парламентот. Следете ги инструкциите на вашите гласачки ливчиња за да гласате правилно, и побарајте помош доколку ви е потребна за тоа како да гласате“, рече г-н Fleming.
“Правото на глас е камен-темелник на нашата демократија, и го охрабрувам секој еден од вас да го направи тоа и да го слави ова право.“
Има 1.670 изборни дневни центри низ Викторија, со локации достапни на веб-страницата на VEC maps.vec.vic.gov.au
Гласачите кои се слепи или кои имаат слаб вид, или оние со физичка попреченост на кои им е потребна помош за гласање, можат да гласаат телефонски до 6 часот попладне на денот на изборите. Повеќе информации за телефонско гласање се достапни на vec.vic.gov.au