Националната Б лига на Австралија тешко дека ќе започне следната сезона, и повеќе од сигурно дека нема да биде во предложениот формат поради недостиг на соодветни тимови и перспектива за промоција во А-лигата.
Амбициозниот обид за започнување на втора национална лига требаше да започне од април 2025 година, во кој се најавуваше дека ќе учествуваат 10 до 14 клубови.
Во таа несудена национална Б лига, како еден од основачките клубови требаше да биде и нашата Престон Македонија. Од осумте клубови што се пријавија да ја формираат пет се од НЈВ и три од Викторија: АПИА Леикард, Авондаел, Маркони Сталионс, Престон Македонија, Саут Мелбурн, Сиднеј Олимпик, Сиднеј Јунајтед 58 и Волонгонг Вулвс.
За жал, на крајот испадна дека нема други заинтересирани покрај осумте клубови што беа претставени како основачи кога ФА ја објави Б лигата во ноември минатата година.
Друг значаен фактор е финансиската неизвесност околу иднината на елитната А-лига, и зголемената можност ФА да мора, во одреден момент, да ги пренасочи или споделува ресурсите за да ја одржи домашната прва лига во живот.
ФА и покрај оваа оладувачка вест останува посветена на воведување на некаква форма на втора лига во 2025 година, и лебди алтернативниот модел во која клубовите ќе останат во соодветната државна НПЛ и ќе играат дополнителни натпревари помеѓу тие натпревари, слични на натпреварите за Купот на Австралија. Сепак, оваа идеја клубовите не ја поддржуваат и сакаат да се формира посебна лига.
Проблемот за фудбалската федерација е да има нешто опипливо што може да го продаде на спонзорите и ТВ станиците, што може да се надгради во идните години и на крајот да се прошири во единствената лига што ја посакуваат клубовите.
13 Aug 2024