Од оваа седмица започнува новата сезона на Националната премиер лига на Викторија, во која се натпреваруваат и нашите два најдобри клуба Алтона Маџик Вардар и Престон Македонија. Во петок, на 7 февруари, првото коло нашата Престон Македонија го игра на домашен терен во Резерво и ја пречекува екипата на Хјум Сити со почеток во 20:30 часот. На оваа средба се очекува да биде присутен и Тимчо Мицунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, кој ќе биде во посета на Австралија во чест на 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Скопје и Канбера.
Во понеделник, на 10 февруари, Алтона Маџик Вардар гостува кај Мелбурн Виктори со почеток во 20:30 часот.