Минимална но значајна победа над екипата на Непеан која е сигурен кандидат за испаѓање од лигата. Стрелец на единствениот гол беше Рет Десилва во 35 минута. Тоа се покажа на крајот доволно за освојување на трите бода со што се прескокна Хакоа и сега Сиднеј Македонија е на третото место на табелата. Остануваат само уште три кола до крајот на сезоната и надежта доколку се освојат сите девет бодови до крајот, а Булс Академи киксира на две средби, да се заземе второто место што носи промоција. Сиднеј Македонија има поволен распоред во последните три кола, а Булс Академи игра со лидерот и четвртиот на табелата.
Во сабота, на 10 август, Сиднеј Македонија игра во гости кај Бонириг Вајт Иглс со почеток во 17 часот.
ТАБЕЛА
Маунт Друит Таун 61
Булс Академи 58
Сиднеј Македонија 53
Хакоа Сиднеј 52
СД Раидерс 47
НЈВ Универзитет 43
Нордерн Тајгерс 42
Блектаун Спартанс 42
Интер Лајонс 36
Бонириг Вајт Иглс 35
Ридалмер Лајонс 33
Кантербури Бенкстаун 30
Дулвич Хил 23
Макартур Рамс 23
Дунбар Роверс 15
Непеан 12