ПРЕЗЕНТАЦИОНА ВЕЧЕР НА АВСТРАЛИСКО-МАКЕДОНСКОТО МЛАДИНСКО ДРУШТВО “НИКОЛА КАРЕВ”

Во Гренд Нерет рецепција, Австралиско-Македонското младинско друштво “Никола Карев” ја одржа својата традиционална прослава за 2024 година. На пет играорци со повеќе од 8 години во сениорската група им беа доделени златни парички со ликот на Никола Карев, вредни над 800 долари. Овие монети им беа доделени на: Филип Огненовски, Амилија Ристевски, Даниеле Нешкоска, Тео Цветкоски и Антони Гроздановски.

Управата на АММД “Никола Карев” упати посебна благодарност на кореографите Тео, Џеисика и Кајла, како и вредните играорци, родителите и спонзорите. Оваа година друштвото ја заврши со многу концерти, фестивали и настапи.Честитки до членовите на АММД “Никола Карев” од Мелбурн, кој е амбасадорот на македонскиот фолклор во изминативе 47 години.

Останати вести