Премиер лига на Викторија, 21 коло, Престон Македонија – Норт Џилонг 3:2

Добар беше почетокот за Престон Македонија и се редеа постојано шанси пред голот на гостите. За првиот погодок се чекаше до моментот кога  Брендон Лотон во 19 минута со глава ја смести топката во мрежата на гостите за 1:0. Продолжи притисокот и после многу шанси во 39 минута Весли Џобело на една нафрлена топка во шеснаесетникот со глава постигна гол за 2:0. Пред крај на првото полувреме беше изведен корнер топката се одби надвор од шеснаесетникот, на неа дотрча Лотон и со топовски удар шутираше од над 20 метри за 3:0.

Во второто полувреме малку опуштено влегоа фудбалерите на Престон Македонија со високо водство и во 55 минута, после неколку грешки во одбраната, Ескадеро намали на 3:1. Пред крај на средбата во 89 минута Емил Дејми со удар од далечина постигна необичен гол за 3:2. Неговиот силен удар прво го одбрани голманот на Престон, но одбиената топка доби необичен правец и отскокна над него и вртејќи се ја помина белата линија.

Во сабота, на 7 јули, Престон Македонија гостува кај Џорџ Крос со почеток во 17:30 часот.

ТАБЕЛА

Мелбурн Виктори 45
Норткот Сити 41
Престон Македонија 41
Вестерн Јунајтед 37
Лангварин 31
Булин Лајонс 29
Бентли Гринс 28
Мелбурн Сити 25
Истерн Лајонс 24
Џорџ Крос 23
Кингстон Сити 22
Брансвик Сити 20
Вереби Сити 16
Норт Џилонг 14

Останати вести