Разочарувачки резултат за Престон Македонија на гостувањето кај Џорџ Крос минатава сабота. На вечерниот натпревар резултатот долго време беше без голови до кобната 67 минута, кога Рики Хосаи една нафрлена топка во шеснаесетникот со глава ја испрати во мрежата на Ахмад Талеб за 1:0.
Горчлив е фактот што не се извлече подобар резултат и покрај тоа што домаќинот играше со играч помалку кога Даниел Кутиер доби црвен картон. Престон Македонија имаше свои моменти на средбата но Џорџ Крос заслужено на крајот славеше.
Сепак има утеха што Норткот Сити загуби со 3:1 од Мелбурн Сити и сега гол разликата е намалена на само еден гол и двете екипи се со изедначен број бодови.
Следниот натпревар Престон Македонија го игра во гости в сабота, на 26 јули, кај екипата на Вереби Сити со почеток во 20:30 часот.
ТАБЕЛА
Мелбурн Виктори 45
Норткот Сити 41
Престон Македонија 41
Вестерн Јунајтед 40
Лангварин 34
Булин 32
Мелбурн Сити 31
Бентли 31
Џорџ Крос 26
Кингстон Сити 25
Истерн Лајонс 24
Брансвик Сити 23
Вереби Сити 16
Норт Џилонг 14
13 Aug 2024