Заостанатиот натпревар од 23 коло – кој има големо значење за распоредот на табелата и може на крај да влијае околу тоа кој ќе биде на листата за промоција во НПЛ – заврши со убедлива победа на гостите. Уште во шестата минута после еден брз продор од левата страна на младиот Кавиан Рахмани и неговата прецизна завршница Мелбурн Сити дојде до водство од 0.1. Следеше притисок на Престон Македонија и неколку млаки обиди да се изедначи резултатот, но до крајот на првиот дел остана водството на гостите.
Во второто полувреме се играше 50 минута и после една мешаница Маркус Хамберт одлично се снајде и со удар надвор од шеснаесетникот прецизно ја смести топката во горниот агол за 0:2. Шест минути подоцна катастрофална несреденост на одбраната му овозможи на Џозеф Де Лос Сантос да се најде во непосредна близина до голот од каде не се промашува и веќе беше 0:3.
Подмладокот до 21 година на Мелбурн Сити на оваа средба се покажа далеку подобар и му одржа вистинска лекција на Престон Македонија, не дозволувајќи практично во ниту еден момент да биде загрозен нивниот гол.
Во петок, на 9 август, Престон Македонија ја пречекува екипата на Брансвик Сити со почеток во 20:30 часот.
ТАБЕЛА
Мелбурн Виктори 49
Престон Македонија 44
Вестерн Јунајтед 43
Норткот Сити 42
Мелбурн Сити 37
Булин 36
Лангварин 34
Џорџ Крос 32
Бентли 31
Брансвик Сити 29
Кингстон Сити 28
Истерн Лајонс 27
Вереби Сити 17
Норт Џилонг 14
13 Aug 2024