Предводниците на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) остварија средба со премиерот Димитар Ковачевски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи, која се одржа во Амбасадата во Вашингтон, при што од нив побараа дигитализација на сите услуги кои и се достапни на дијаспората преку дипломатско-конзуларните претставништва, посебно во врска со издавање или обновување на биометриски лични документи.
Во известувањето од ОМД стои:
“Обединетата македонска дијаспора (ОМД), како водечка невладина непартиска организација на Македонците во дијаспората, ги потврди и изрази своите долгогодишни ставови против промената на името како и било какви уставни промени како услов за почетокот за преговорите за членство во Европската унија и последиците кои доаѓаат со тие измени. ОМД посочи дека во Македонија малцинствата ги уживаат сите демократски права, и дека во ниедна друга држава во Европа нема толку министерски позиции застапени од страната на малцинствата. ОМД посочи дека правата на Македонците во соседните земји се тотално обесправени.
ОМД и премиерот Ковачевски имаа отворена дискусија околу унапредување на односите со дијаспората – најголемиот промотор и амбасадор на Македонија ширум светот. ОМД побара дигитилизација на сите услуги кои и се достапни на дијаспората преку дипломатско-конзуларните претставништва, посебно во врска со издавање или обновување на биометриски лични документи.
ОМД го поздрави стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и САД. ОМД активно се залага за потпишување на договор помеѓу Македонија и САД против двојно оданучување, како и за тоа Македонија да стане дел од листата на земји со безвизен режим. ОМД изрази благодарност за отворената врата на Амбасадорот Зоран Попов, како и премиерот Димитар Ковачевски за отворениот дијалог и ќе продолжи со своите напори во зголемување на поддршката за Македонија во Конгресот на САД преку Групата за Пријателство со Македонија и македонско-американската заедница во која членуваат 37.”
02 Dec 2024