Во неделата на стадионот во Робина (Голд Коуст) женските фудбалски селекции на Австралија и Бразил го одиграа вториот пријателски меч. И повторно „матилдите“ претрпеа пораз, овојпат малку поумерен од претходниот меч неколку денови претходно (минатиот четврток во Бризбен) кој заврши 1:3.
Мечот започна со малку погруба игра на Бразилките кои веднаш наредија два жолти картона (за Кака и Лорен), но веќе во 29 минута поведоа преку голот на Портиљо. Десетина минути подоцна, во 40. минута, преку одбранбениот играч Лорен го зголемија водството на 0:2.
Австралиските фудбалерки само две минути подоцна, во 42. минута, дадоа надеж дека не е се изгубено и дека имаат желба да се борат за победа. Преку голот на Хејли Расо „матилдите“ намалија на 1:2. Ова беше резултатот со кој се замина на полувреме.
Вториот дел од мечот беше помалку возбудлив. Привремениот тренер на „матилдите“, Том Сермани, имаше можност преку направените пет измени да проба нови играчи и тактики. Неговиот колега од Бразил направи шест измени. Но, и покрај сите обиди повеќе немаше гол на ниту една страна и мечот заврши со резултатот од полувремето.
27 Dec 2024