Проблем: Има пет пати повеќе струја од обновливи избори отколку што системот може да прими!?

Големата инсталирана моќност на електрани од обновливи извори на енергија во текот на минатата година, а особено на фотоволтаични електрани, сега може да предизвика штета на преносниот систем и мрежа во Македонија. Од Асоцијацијата побара да биде законски регулирана струјата што се произведува од многуте фотонапонски централи кои се градат и допрва ќе се градат, со складирање на електричната енергија во таканаречени „сториџи“.

Во наредниот период ќе се формира работна група составена од претставници од Министерството за економија, Македонската енергетска асоцијација(МЕА), Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ) како и релевантните институции во областа на енергетиката која ќе работи на воведување на нова легислатива со која ќе се отвори можност за складирање на електричната енергија од обновливи извори од страна на државата и од страна на приватни инвеститори, имајќи ги во предвид инвестициите кои што се рализираат и ќе се реализираат во наредниот период од обновливи извори на енергија посебно од фотонапонски централи.

– Има „бум“ во производство на електрична енергија од обновливи извори во државата. Сакам да ги повикам инвеститорите да ги следат сите процедури во случај да не дојде да имаме многу поголемо производство од потребите кои ги има државата. Согласно Стратегијата за развој на енергетика лимитирано е колкаво може да биде производството на електрична енергија од обновливи извори , посебно од фотонапонски, ветерници, биомаса итн, вели министерот за економија Кресник Бектеши.

Останати вести