Прослава за матурирањето на учениците по македонски јазик од Викторија

Со свечена цермонија во неделата (8 декември), во рецепцијата „Шелдон“, се прослави матурата по македонски јазик за учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во саботните училишта при Викториското училиште за јазици (VSL). Оваа беше триесет и третата генерација на матуранти во Викторија, годинава составена од 20 ученици од сите саботни училишта на VSL.Во Викторија македонскиот јазик се изучува во пет државни училишта како дел од наставата и во четири центри на „Викториското училиште за јазици“, кое е исто така државно, само часовите се одржуваат во сабота. Најголема гордост и успех на македонската заедница во Мелбурн е основното училиште „Лајлор Норт прајмари“, во кое децата од забавиште до шесто одделение имаат настава паралелно и на англиски и на македонски јазик. По завршувањето на основното овие деца, во зависност од тоа во која населба живеат, може да продолжат да го учат јазикот или во редовните или во саботните училишта. Основните одделенија се задоволително посетени, но на ниво на средно училиште бројот на ученици постепено се намалува.

На почетокот од матурската церемонија до присутните се обрати г-ѓа Јованка Смилевска, претседател на Македонското учителско друштво на Викторија, а следеа федералните пратеници Касандра Фернандо и д-р Даниел Молино. 

Специјален гостин на вечерта беше македонскиот генерален конзул од Мелбурн, Елена Брајковска, која со пригоден говор ги поздрави сите матуранти и гости и зборуваше за важноста од изучувањето на македонскиот јазик за Македонците кои живеат надовор од Македонија. 

Со пригоден говор присутните ги поздрави и Силвија Митревски, менаџер на саботниот центар во Томастаун која им честита за успехот на матураните што успешно го положија испитот по македонски јазик.Уписите за следната учебна година при Викториското училиште за јазици се отворени и повеќе информации можат да се најдат на веб страната www.vsl.vic.edu.au

МАТУРАНТИ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ОД Викторија 2024:

Весна Дамчевска им ги врачи признанијата на матурантите од 12-та година во Килор Дaунс: Клеопатра Блажевски, ЈанаЧерговски, Миа Гајиќ, Клаудија Гроздановска, Сиена Јотевски, Натали Јовановска, Даниел Кочанковски, Анастасија Кулевска, Јована Лацевска, Филип Наумчевски, Илијана Тодова, Тиана Степановски и Џејми Стојовски.

Симона Поповска им ги врачи признанијата на матурантите од Томастаун:УЧИФилип Стојановски, Матеј Ардјалиев, Мелиса Велјаноска и Емилија Петковска.

Матуранти од Норт Џилонг: Андреј Смилевски, Јана Смилевски и Деклан Стојановски.

Останати вести