Прослава за матурирањето на учениците во НЈВ

Во Сиднеј по 17ти пат се одржа Македонска матурска вечер за Нов Јужен Велс. На оваа вечер во присуство на родителите и официјални гости им беа доделени дипломите на 18 матуранти. Учениците беа поздравени од Сана Зреика директорката на Саботните центри за јазици и Луциа Џонс претседателката на Федерацијата за етничките училишта за НЈВ со желби за понатамошни успеси. Пригоден говор одржа Дијана Јовчевска претседателка на Македонскиот просветно училишен одбор, која меѓу другото рече: “ Вие учите и растете во Австралија и им припаѓате на двете култури поддеднакво. Но, не заборавајте дека корените ви се македонски и дека во гените ја носите светата македонска ДНК. А без корен, токму како и без јазик ќе бидеме никој и ништо”.

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ секоја година доделува награда, карта за Македонија на еден среќен добитник кој е извлечен од списокот на матурантите. Оваа година добитник на картата што беше доделена во парична награда му припадна на Александар Петровски од средношколскиот центар за јазици во Когра. За прв пат беше доделена и награда за изучување на македонскиот јазик од прво до 12та година, а оваа награда му припадна на матурантот Милан Славески.
Вечерта беше збогатена со соло изведба на виолина од Виолета Шопова, потоа настапи КУД Илинден со сплет македонски ора и песни. Искрена благодарност и честитки од Македонскиот просветно училишен одбор беа упатени до спонзорите, помагателите и пријатели на македонскиот јазик кои несебично помогнаа со цел да се продолжи оваа света мисија во одржување на македонскиот јазик во Австралија.

МАТУРАНТИ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ОД НЈВ 2024

Центарот за јазици во Бенкстаун

1. Анја Иванов Стојановиќ
2. Елена Миновска
3. Стефан Талевски
4. Ведран Тошевски
5. Ивана Велјановска           

 Центарот за јазици во Когра

1 Ѓорѓи Ферманов
2 Горан Кочанкоски
3 Катерина Марковски
4 Александрија Најдоска
5 Александар Петровски
6 Наталија Петровски
7 Милан Славески
8 Благојче Стеваноски
9 Магдалена Тодороска

 Центарот за јазици во Смит Хилс (Волонгонг)

1. Лукас Богоевски
2. Џошуа Бојчески
3. Сара Ложенковски
4. Катерина Николовска

Останати вести