Распродадени концерти со Јордан Митев и неговиот оркестар од Македонија

Популарниот фолк музичар Јордан Митев минатата седмица започна со својата турнеја низ Австралија.  Првите концерти што се одржаа во НЈВ беа целосно распродадени за многу кратко време, и многумина во Сиднеј и Волонгонг што не успеаја да купат карти останаа пред салите во кои настапуваше Митев. 

Овој петок на ред е Мелбурн и дознаваме од „Република Ентертејнмент“, којшто е организатор на концертите, дека салата на „Фераро рецепција“ е исто така распродадена. Следат уште девет концерта во наредниве недели во: Мелбурн, Сиднеј, Волонгонг, Њукастел, Голд Кост, Џилонг итн.

Турнејата на Јордан Митев и неговиот оркестар од Македонија завршува со концерт во Перт на 18 ноември.

Останати вести