Бил Саравиновски е вистинска легенда и повеќе од 30 години успешно опстојува во локалната политика
Минатава среда Бил Саравиновски, Македонец по потекло, избран е за градоначалник на општина Бејсајд по трет пат. Советникот Саравиновски претходно беше седум пати градоначалник на општината Рокдајл.
Бил Саравиновски ќе ја извршува функцијата до изборите за локалната самоуправа во септември 2024 година. За заменик градоначалник е избран советникот Џо Авада.
„Чест и привилегија е уште еднаш да служам како градоначалник на општина Бејсајд и би сакал да им се заблагодарам на моите колеги советници за поддршката што ја добив. Јас ќе служам на нашата општина, на нашите жители и на заедницата Бејсајд најдобро што можам“, рече градоначалникот Саравиновски.
„Мојот приоритет е да го задржам моментумот од изминатите две години и силно да ја продолжиме нашата програма за работа и особено со нетрпение очекувам да видам понатамошен напредок во подобрувањето на искуството на клиентите, надградбата на Бартон Парк и Ботаничкиот воден центар.
„Исто така, би сакал да им се заблагодарам на градоначалничката во заминување, д-р Кристина Кари и заменик-градоначалникот, Скот Морисеј, за неверојатната работа што ја направија во последните две години градејќи посилна и поотпорна општина Бејсајд“, рече Саравиновски.
02 Dec 2024