СЕГА СЕ ДОСТАПНИ ДОПОЛНИТЕЛНИ (BOOSTER) ДОЗИ НА ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19

На 28 октомври 2021, австралиската влада објави вакцинирање против КОВИД-19 со дополнителна доза за лица на возраст од 18 години и постари.Продолжете да читате за да дознаете повеќе за програмата за дополнителна вакцинација (booster program) и кога може да ја примите вашата дополнителна доза.

Зошто има програма за дополнителна вакцинација? Вакцините против КОВИД-19 кои се достапни во Австралија – Vaxzevria (AstraZeneca), Comirnaty (Pfizer) и Spikevax (Moderna) – се многу ефикасни во заштитата на луѓето од сериозна болест, одење во болница и смрт. Тие исто така значително влијаат на намалувањето на ризикот од заразување со КОВИД-19 и од пренесување на вирусот на други лица.Австралиската влада започна со воведувањето на дополнителни дози на вакцина за лица кои го примиле нивниот почетен третман од две вакцини пред најмалку шест месеци.Важно е луѓето да знаат дека две дози на вакцина против КОВИД-19 нудат многу добра заштита, посебно од сериозна болест.Дополнителната доза на вакцина, шест или повеќе месеци после втората доза, ќе осигура заштитата од првите две дози да биде уште поголема и подолготрајна, и треба да помогне во спречување на ширењето на вирусот.Не брзајте да ја примите вашата дополнителна доза помалку од шест месеци откако сте го примиле првиот третман на вакцини, дури и ако планирате да патувате во странство или сте загрижени за нешто друго. Можете да бидете сигурни дека третманот со две дози ви дава целосна заштита најмалку шест месеци.

Како може да ја примам мојата дополнителна доза на вакцина против КОВИД-19?Вакцините против КОВИД-19 се бесплатни за секој во Австралија. Ова ги вклучува дополнителните дози на вакцина.За да ја примите вашата дополнителна доза на вакцина против КОВИД-19, може да отидете на доктор, во државна клиника за вакцинација или во аптека која учествува во програмата за вакцинација. За да закажете термин за вакцинирање со дополнителна доза на вакцина против КОВИД-19, посетете ја веб-страницата australia.gov.au или јавете се на 1800 020 080. За преведувачки услуги, јавете се на 131 450. Ако не се сеќавате кога сте ја примиле втората доза, овие податоци можете да ги најдете во вашата потврда за вакцинација против КОВИД-19. Одете на servicesaustralia.gov.au за информации како да пристапите до вашата потврда.  Или, ако сте ја примиле втората доза кај доктор, можете да побарате да ви ја даде потврдата.

Која е разликата меѓу дополнителна и трета доза?Австралиските стручњаци за имунизација, Австралиската техничка советодавна група за имунизација (ATAGI), препорачува трета доза на вакцина против КОВИД-19 за лица на возраст од 12 години и постари кои имаат сериозно нарушен имунолошки систем. Лицата со сериозно нарушен имунолошки систем имаат послаб имунитет од останатото население. Нив им треба оваа трета доза за да ја добијат истата заштита која другите ја добиле со две дози.Лицата кои исполнуваат услови за трета доза треба да ја примат меѓу два до шест месеци откако ја примиле втората доза на вакцина против КОВИД-19, како дел од нивниот почетен третман на вакцинација.Трета доза на вакцина против КОВИД-19 се разликува од дополнителна доза на вакцина против КОВИД-19.  Дополнителните дози моментално не им се препорачуваат на лица со сериозно нарушен имунолошки систем и кои го примиле почетниот третман на вакцинација против КОВИД-19 со три дози.

Каде можам да добијам повеќе информации?Важно е да бидете информирани за програмата за вакцинација против КОВИД-19 од сигурни и официјални извори.За повеќе информации на вашиот јазик, посетете ја веб-страницата health.gov.au/covid19-vaccines-languages. Исто така можете да се јавите на националната дежурна линија за коронавирус и вакцинација против КОВИД-19 (National Coronavirus and COVID-19 Vaccine Helpline) на 1800 020 080. За преведувачки услуги, јавете се на 131 450.Овластено од Aвстралиската влада, Канбера.

Останати вести