Сент Џорџ заслужено обезбеди победа над Сиднеј Македонија во спортскиот центар Рокдејл Илинден.
Головите ги постигнаа Рубен Аваритефе и Конор Квилиган, со што обезбедија домаќинот да ги земе трите бода.
Првиот гол беше постигнат во 23` кога Аваритефе се најде на право место во тој момент за да ја затресе празната мрежа по ударот на Џеј Мекгован.
И Сиднеј Македонија не беше без шанси, Џонатан Грозданоски и Јордан Морфитис имаа добри можности пред паузата сепак не успеаја да ја затресат мрежата.
Во второто полувреме беше поинаква играта од првиот дел, и Сент Џорџ беше подобрата екипа. Конор Квилиган во 83 минута со прекрасен удар постигна ефектен гол за конечниот резултат од 2:0.
Во сабота, на 18 февруари, Сиднеј Македонија гостува кај Блектаун Спартанс со почеток во 19 часот.