Се урна натстрешница на Железничката станица во Нови Сад, меѓу 14 загинатие и македонски државјанин

Македонскиот граѓанин Васко Саздовски загина откако се сруши натстрешница на железничката станица во Нови Сад, а со него загинаа уште 13 лица. Најмладата жртва, девојче, беше на неполни 7 години. Повредени се повеќе од 30-мина.

Армираната конструкција долга околу 50 метри од непознати причини се урнала. Безбедносните камери го снимиле трагичниот момент кој траел неколку секунди и луѓето кои се нашле под натстрешницата (седеле на клупите или минувале) немале никаква шанса да се спасат и да избегаат.

Ова е еден од најтешките денови во поновата историјата на Нови Сад, вториот по големина град во Србија.

80 спасувачи од повеќе градови работеа на отстранување на бетонските блокови кои паднаа врз луѓето. По пет часа од несреќата уште една жена и 14 годишно дете беа извлечени живи од под урнатините. На осумнаесетгодишно момче на лице место му била ампутирана ногата бидејќи не можеле да го извлечат цел од под урнатините.

– На семејствата и на нивните блиски сакам во име на сите граѓани на нашата земја да им изразам сочувство, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ. Тој рече дека ќе бара надлежните да ги гонат и најстрого да ги казнат одговорните. Според него, неверојатно е тоа дека на железничката станица сè е реновирано, а по 60 години само натстрешницата не е.

Железничката станица во Нови Сад беше реновирана пред неколку години, кога се пуштија возовите со брзина од над 200 км/ч

Останати вести