Силно невреме ја зафати Викторија: Над половина милион луѓе останаа без струја

Големи делови од  Викторија  останаа без струја, бидејќи големата централа, која снабдува една третина од корисниците, испадна од системот поради невремето што ги урна далноводите

Повеќе од половина милион луѓе во Викторија во вторник останаа без електрична енергија како последица на невремето, бидејќи главната електрана во Гипсланд беше принудена да се исклучи. Комбинацијата на екстремни температури, силни ветришта и удари од гром, ја оштетија електричната инфраструктура и ја принудија електраната „Лој Јанг А“ да ги исклучи сите четири единици.

Електричната централа на AGL, која произведува околу една третина од електричната енергија на Викторија, беше принудена да се исклучи во попладневните часови откако се урнаа главните  електрични столбови за пренос на струјата.

Силниот ветер стигна до 130 км, опустоши големи делови од Мелбурн а попладнето имаше град со големина на топче за голф, поројни поплави и разорни ветрови во населбите во близина на брегот.

По затворањето на централата, цените на електричната енергија скокнаа во Викторија до максимални 16.600 австралиски долари за мегават час од околу 200 долари, според податоците на австралискиот оператор за енергетски пазар (AEMO).

Како одговор, АЕМО нареди намалување на потрошувачката на електрична енергија.

Операторот претходно најави дека се потребни итни инвестиции за да се осигура дека снабдувањето со електрична енергија ќе остане сигурно бидејќи старите електрани на јаглен се исфрлаат постепено по барање на Зелената партија.

Останати вести