Со факти да се брани македонскиот идентитет

„Колективната меморија, политики на меморија и современите идентитети во контекст на локалните, регионалните и глобалните конфликти и сојузи“ беа темите на годинашната конференција Водици 2025 која се одржа по 13-ти пат во Охрид и Битола, а на која беа презентирани 54 трудови од 68 учесници од 14 земји.

Научната фела да предничи пред политичарите кога е во прашање одбраната на македонскиот идентитет, само со факти и аргументи можат да се зацврстат ставовите за историските прашања и да вродат со успех вели професорот по етнологија и поранешен пратеник Рубин Земон.

–  Недоволната еманципираност и колективна меморија досега не чинеше скапо. Колективната меморија стана моќен симбол на многуте политички и општествени транзиции кои се во тек, иако има и нешто општо и епохално во нашиот навидум распространет интерес за меморијата. Новите решенија бараат начин да се надминат остатоците од нивните претходници, додека воспоставените системи се соочуваат со пораст на историската свест… Колективните сеќавања се спомени споделени од група кои влијаат врз нивниот идентитет како заедници, рече меѓу другото Земон.

Но, колку што е поголема желбата за приграбување на нашиот идентитет и историја толку е поголем пркосот кој ги топи тврдите ставови вели екс пратеничката Лилјана Поповска.

Како што беше истакнато на собирот, историјата на научниците кои ја проучуваат меморијата не е само проблем одвнатре туку и одговор на барањата на сегашноста. Интересот на антрополозите не е само да се следи што всушност се случило туку да се открие како историска содржина се користи во актуелниот процес на градење идентитет.

Пред учесниците на Конференцијата се обрати и заменик-градоначалничката на Охрид, Ана Крстеска, која посочи на практиката од најново време на тлото на Европа да се прават обиди за бришење на историјата и посегнување кон историски ревизионизам.

– Колективните сеќавања, историските трауми, историографијата на нациите во значаен дел се користат за борба за власт и доминација. Други актери во општеството свесно го ползуваат пишувањето на историјата за исполнување на сопствени интереси. Оттаму и важноста од рече таа.

Научната конференција се одржува во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјалната организација за поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот „Ајдин Аднан Мендерес“ од Турција и Институтот за напредни студии од Косзег, Унгарија.

Останати вести