Ембаргото на нафта која се пренесува со бродови стапи на сила, а паралелно членките на Г7, Австралија и ЕУ ја ограничија цената на руската нафта на 60 американски долари, тврдејќи дека сакаат на Русија да и ја отежнат инвазијата на Украина.
Цените на нафтата “брент“ веднаш пораснаа на меѓународните пазари над 88 долари што е 2,53 американски долари повеќе во споредба со цената при затворањето на пазарите на крајот од минатата недела. Американската нафта исто така скокнала за 2,4 долари повисока цена, на ниво 82,38 долари.
Од друга страна Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и нејзините сојузници, вклучувајќи ја Русија, ја потврди одлуката од октомври според која го намалува производството за два милиони барели дневно, а како причина го навела ембаргото на ЕУ на руската нафта.
Механизмот би требало да профункционира преку забрана за осигурителните компании и превозниците да пружаат услуги со руска нафта.
Русија порача дека нема да продава нафта во земјите кои ја ограничуваат нејзината цена, што би можело да значи значајно намалување на снабдувањето на пазарот. Сега се јави и Пакистан како купувач на руска нафта и гас по дисконтни цени (покрај Кина и Индија).
Потпора на цените им пружа ублажувањето на ковид-мерките во Кина, кои оваа година ја намалиле економската активност и побарувачката за енергенти. Политиката за нулта толеранција на ковид предизвика протести минатите денови во низа кинески градови, што ги натера тамошните власти малку да олабават.