Студен германски туш: Македонија не може да почне преговори без уставни измени

Се додека во Европската унија се одлучува едногласно, Македонија мора да ги почитува компромисите и да ги вметне Бугарите во Уставот за да ги почне  реално преговорите  со ЕУ – ова е  пораката од германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок по средбата со македонскиот колега Тимчо Муцунски по самитот на Берлинскиот процес во Берлин.

Според Бербок во овој случај не станува збор за неправда, туку за почитување на европските  правила. Може некоја земја-членка да не се согласува но мора да ја следи усвоената заедничка политика, зашто тоа е правилото на која се согласила кога се зачленувала во Унијата. Таа го повика државниот врв во Македонија да донесе одлука, макар била и спротивна на јавното мислење.

Изјавата на шефицата на германската дипломатија доаѓа откако ден претходно премиерот Христијан Мицкоски изрази оптимизам за германска поддршка по средбата со канцеларот Шолц. Ова беше одговорот.

Министерот Муцунски возврати дека „сме свесни за потребата за компромис, но дека сме држава која повеќе од 30 години постојано прави компромиси и постојано се соочува со неизвесност“.

Владата во Македонија и натаму не се откажува од ставот за уставни измени со одложено дејство и ќе ја чека новата евентуално политичка влада во Бугарија за заеднички со неа да се најде решение, иако од Софија тоа упорно го одбиваат.

Македонија исто така бара ревидирање на вториот протокол и заштита на акцискиот план за малцинствата.

Останати вести