Реномираниот сајт за храна и гурмани „Тејст атлас“ (Taste Atlas), објави листа од 34 најдобри македонски јадења. Рангирањето на храната на „Тејст атлас“ се заснова на оценките на публиката на оваа реномирана веб-страница, со низа механизми кои препознаваат вистински корисници.
На прво место го рангирале надалеку познатиот македонски специјалитет – зелник. Toa е традиционална македонска пита која може да се наполни со различни состојки како што се сирење, спанаќ, јајца, месо, праз или зелка. Зелникот е најдобар кога се служи топол, а се препорачува да се комбинира со чаша јогурт, на овој начин го опиша „Тејст атлас“.
На второ место е омилениот македонски намаз, односно зимница – ајварот. Ајварот не е само омилено јадење кај нас, туку и во целиот свет.
„Тејст атлас“ пишува за ајварот, „овој традиционален вкус од пиперки и модар патлиџан е еден од најпопуларните зачини низ целиот Балкан и Источна Европа. Најценетиот вид ајвар често е македонскиот, кој се прави само со црвени пиперки. Иако неговото потекло често се оспорува, се вели дека името ајвар потекнува од турскиот збор havyar, што значи кавијар.
На трето место се најде нејзиното височество – сармата.
Вака изгледа списокот на 34 најдобри македонски јадења според „Тејст атлас“:
1. Зелник
2. Ајвар
3. Сарма
4. Лутеница
5. Пинџур
6. Таратур
7. Мазник
8. Тавче гравче
9. Малиџано
10. Полнети пиперки
11. Качамак
12. Џимиринки
13. Компир манџа
14. Светиниколска пастрмајлија
15. Чорба од коприва
16. Крушевско грне
17. Јогуртли тава
18. Шарпланински овчи кашкавал
19. Макало
20. Селско месо
21. Турлитава
22. Мекици
23. Крушевски локум
24. Козињак (милиброт)
25. Ѓомлезе
26. Слатко од диви смокви
27. Ширден
28. Симит-погача
29. Охридска торта
30. Чомлек
31. Кукурек
32. Ајдучка плескавица
33. Циронка
34. Лапа (сутлијаш)
Инаку, „Тејст атлас“ го избра македонскиот ајвар за најдобро мезе во светот за 2023 година.
За списокот „Топ 34 македонска храна“ до 16 октомври 2024 година евидентирани се 2.499 оценки.Целта на рангирањето на „Тејст атлас“ е да промовира одлична локална храна, да влее гордост на традиционалните јадења и да разбуди љубопитност за јадењата што не сте ги пробале.
02 Dec 2024