рамп ги објави новите царини кон другите држави при увоз во САД, во рамки на новите глобални трговски мерки. Како „стратегиски партнер“, за производи од Македонија, опна царини од 33%. Малку се производите кои Македонија ги извезува во САД директно, ама затоа е јасно дека индиректно ова ќе има последици за македонската економија. Оние кои сакаат и лошите вести да ги олеснуваат со хумор прочитаа дека Трамп за Македонија „го определи експремиерот ЗЗ“.
Оваа одлука наводно е дел од стратегијата за реципрочни царини, со која Трамп имаат за цел да ја заштити домашната економија и да обезбеди фер трговски услови. „Ако некоја земја ни наплатува 25% царина за нашиот производ, и ние ќе наплатиме 25% за нивниот. Тоа е фер и реципрочно,“ изјави Трамп на прес-конференцијата, нагласувајќи дека ваквата мерка ќе ја зајакне економската независност на САД и ќе создаде нови работни места.
Мерката предизвика бурни реакции на глобалната сцена, при што многу земји изразија загриженост поради потенцијалните трговски тензии. Светските берзи, особено ВолСтрит, во еден ден регистрираа загуби од дури 5 илјади милијарди долари!!!
Трамп истакна дека е подготвен и на преговори за да се постигнат поповолни услови за американските извозници. Кина веднаш реагираше со реципрочни царини (стартуваат од 9 април), но и со ограничен извоз во САД на ретки метали. Всушност американската царина за кинеските производи е 54% (на овие се додава претходната „казнена царина“ од 20%). Од ЕУ, која доби 20%, велат дека допрва ќе ги разработуваат своите реципрочни мерки.
Економските експерти предупредуваат дека ваквите царински политики неминовно ќе предизвикаат контра-мерки од големите трговските партнери на САД и ќе ја намалат конкурентноста на американските производи на глобалниот пазар. Американската царина веќе ги наплаќаа оние од 10%, а повисоките ќе почне од оваа седмица. Царини од 10% Трамп определи за Албанија, Косово и Црна Гора.
Покрај прикажаните царини по земја, Трамп во извршната наредба воведе и дополнителна „ад валорем“ стапка од 10 отсто, што значи плус на веќе објавените.
Еве ги новите царини што ги воведе Трамп по земја:
Алжир 30%
Оман 10%
Уругвај 10%
Бахамите 10%
Лесото 50%
Украина 10%
Бахреин 10%
Катар 10%
Маурициус 40%
Фиџи 32%
Исланд 10%
Кенија 10%
Лихтенштајн 37%
Гвајана 38%
Хаити 10%
Босна и Херцеговина 35%
Нигерија 14%
Намибија 21%
Брунеи 24%
Боливија 10%
Панама 10%
Венецуела 15%
Македонија 33%
Етиопија 10%
Гана 10%
Кина 34%
Европската Унија 20%
Виетнам 46%
Тајван 32%
Јапонија 24%
Индија 26%
Јужна Кореја 25%
Тајланд 36%
Швајцарија 31%
Индонезија 32%
Малезија 24%
Камбоџа 49%
Обединетото Кралство10%
Јужна Африка 30%
Бразил 10%
Бангладеш 37%
Сингапур 10%
Израел 17%
Филипини 17%
Чиле 10%
Австралија 10%
Пакистан 29%
Турција 10%
Шри Ланка 44%
Колумбија 10%
Перу 10%
Никарагва 18%
Норвешка 15%
Костарика 10%
Јордан 20%
Доминиканска
Република 10%
Обединетите
Арапски Емирати 10%
Нов Зеланд 10%
Аргентина 10%
Еквадор 10%
Гватемала 10%
Хондурас 10%
Мадагаскар 47%
Мјанмар (Бурма) 44%
Тунис 28%
Казахстан 27%
Србија 37%
Египет 10%
Саудиска Арабија 10%
Ел Салвадор 10%
Брегот на
Слоновата Коска 21%
Лаос 48%
Боцвана 37%
Тринидад и Тобаго 10%
Мароко 10%