Бризбен Лајонс 18. 12. (120)
Сиднеј Свонс9. 6. (60)
Најпопуларниот спорт во Австралија без конкуренција е австралискиот фудбал (AFL), чие големо финале го следеа преку 100,000 гледачи на легендарниот стадион MCG во Мелбурн. Шампиони станаа Бризбен Лајонс кои минатата сабота целосно го понижија својот противник. Повеќето љубители на АФЛ очекуваа рамноправен меч помеѓу две изедначени екипи во големото финале. Но, ова беше вистинско крвопролевање. Во суштина победникот беше решен уште во втората четвртина. Лавовите играа беспрекорно по целиот терен и имаа 46 поени предност на полувремето.
Во преостанатите две четвртини Бризбен и понатаму ја зголемуваше својата предност и во ниту еден момент не дозволи да се разигра нивниот противник. На крајот резултатот беше 18 голови и 120 поени за Бризбен, а Сиднеј со само 9 голови и 60 поени.
Бризбен Лајонс целосно доминираше над Сиднеј Свонс и заслужено го обезбеди својот трофеј по долго чекање од 21 година.