На големото дерби за титулата на Илавара премиер лигата за 2022 година, минатата недела се сретнаа Волонгонг Олимпик и нашиот Волонгонг Јунајтед. За жал на крај Олимпик ја обезбеди титулата со минимална победата од 2:1.
На почетокот Јунајтед имаше убава шанса да стигне до водство но Динко Терзиќ го виде својот удар од пенал одбранет. Потоа Олимпик успеа да направи предност со головите на Крис Прајс во 16’ и автоголот на Бејли Барбаровски во 26 минута за 2:0.
Пред крајот на првиот дел, во 44 минута Климе Секуткоски ја затресе мрежата за конечните 2:1.
Во второто полувреме Волонгонг Јунајтед не успеа да најде решение и да постигне израмнувачки гол. Јунајтед речиси израмни во последната минута од регуларното време кога Џереми Фланаган ја прими топката во празно на работ од шеснаесетникот, но шутираше непрецизно.
На крајот Олимпик ја обезбеди својата прва шампионска титула во големото финале по 37 години пауза. За нашиот Волонгонг Јунајтед утеха е што годинава за прв пат ја освои сезонската титула.
Волонгонг Јунајтед играше во следниот состав: МАДЕН Џејкоб, БАРБАРОВСКИ Бејли (ВЕРСИ Мејсон), БРУКС Бен, КОРЕА Џош, КАВАКАМИ Сеиџи, ЛАЗАРЕВСКИ Дени, СЕКУТКОСКИ Климе, СТОЈАНОВСКИ ЏЕЈМС, ТЕРЗИЌ Динко (ФЛАНАГАН Џереми), ТОМАС Шон и ЈОВАНОВСКИ Киа (ЈАМАДА Мицуо).