Ерлинг Халанд игра во фанастична форма. Норвежанецот погодува како од шега, ги „тероризира“ противничките екипи и на првите 12 официјални натпревари има дури 19 голови за Манчестер сити. Доколку продолжи така може да се зголемат и неговите примања.
„Дејли Мејл“ тврди дека Халанд има плата во Сити од А$650 илјади месечно, но со бонуси би можела да достигне и до 1.5 милион.
Голем дел од тие бонуси се однесуваат на индивидуалниот учинок на Халанд, кој засега е беспрекорен. Халанд со овие бонуси би можел да стане трет најплатен играч во Светот по Килијан Мбапе и Лео Меси кои имаат бруто плата од А$2.5 милиони, односно 1.8 милиони австралиски долари. Во првите 10 се уште и Нејмар, Роналдо, Де Брујне, Еден Азар, Де Геа, Салах и Мане.