Штекли преживеа и трет обидза негово убиство – по фрлена бомба во неговата куќа во Керамидницаму настрада само ушното тапанче

Минатиот четврток била фрлена бомба врз куќа во скопската населба Керамидница. Полицијата потврди дека експлозијата се случила ешто по 9 часот утрото и дека е повредено едно лице коое е пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ – Скопје за укажување на помош. Според податоците од дежурниот хирирг повредите се мали изореници по лицето и повредениот се жалел дека слабо слуша на едното уво.

Подоцна и министерот за полиција Панче Тошковски потврди дека повредениот е Раде Трајковски – Штекли (40), познато име од скопското подземје.

Ова е трет обид за негова ликвидација. Припадниците на криминалната група „Дуќанџик“ наводно не можат да му простат што преминал во редовите на крими-групата „Беланоца“.

На „Тик-Ток“ беше постирано видео на кое се гледа самиот миг на експлозијата со порака: „Стиже катаклизма, љуби те брат!“

Очигледно тие што ја фрлиле бомбата го снимале самиот чин. Наводно експлозивната направа била фрлена од десната страна на куќата на Штекли, кон другите соседни куќи. И е активирана со далечински управувач.

На новинарско прашање зошто полицијата не им влегува во траг на криминалците бидејќи заканата кон Штекли била објавена на социјалната мрежа, министерот Тошковски кажа дека прашањето е наместо, но дека искрено ќе каже оти: „полицијата одговара на ова согласно со капацитетите“.

Тошковски додаде дека лошо е што криминални банди хараат и денес но оти МВР сурово ќе одговори против оние кои ги вознемируваат македонските граѓани.

Борба за „рекетирање“ на казината и рестораните на криминално-полициски групи?

Иако официјални информации нема, остануваат прашањата како и зошто Штекли стана мета на напад и што се крие во заднина, со оглед дека скопското подземје „зовре“ последнава година и не престанаа убиствата и нападите меѓу криминалните банди. Него го поврзуваат со криминалната група „Барон“ (според кафуле во кое се собирале).

Кулминација на оваа „војна“ и сигнал дека нешто се случува во овој свет беше двојното убиство што се случи во март во „Шиша бар“, кога беа убиени Јетон Кривањева-Жила и Енес Исеинов-Љаци од криминалната група „Дуќанџик“.

За да биде појасно, се смета дека на една страна се крими-групите „Дуќанџик“, „Грчец“ и “Бундес“ додека на спротивната “Беланоца“ (село Бељановце), „Кондово“ и „Барон“ (група во која членуваат повратници од боишата во Сирија, исламски борци). Сите групации се составени претежно од Албанци, со таа разлика што првата завладеа со ВМРО-ДПМНЕ на власт, а втората со СДСМ.

Криминалните кланови очигледно влегоа во сурова битка до истребување, па за само неколку месеци се случија четири мафијашки убиства и три напади врз Штекли.

Ако прегрупирањето почна со двојното убиство во „Шиша бар“ на 6 март 2023 под скопско Кале, убиствата тука не застанаа. Бргу потоа (јуни 2023), во Приштина беше убиен Бљерим Даци, македонски државјанин од Чаир, а неговото безживотно тело беше најдено во автомобил.

На околу еден километар од убиството беше најден запален автомобил со германска регистрација. Косовските медиуми тогаш објавија дека Даци бил осомничен токму за убиството во „Шиша бар“.

Според официјалните документи, семејното презиме на Бљерим е Даци, а го сменил во Шабани, откако издржал 18 месеци затвор во Пакистан како припадник на Ал каеда.

Еден месец по убиството во Приштина, во апартман во Ханиоти, на Халкидики убиен беше и неформалниот водач на „Дуќанџик“, триесет и деветгодишниот Орхан Ибраими-Оки.

Упатените велат дека негов роднина сега сака да ја презеде контролата и да се наметне како нов „капо“ на „Дуќанџик“, која сега има армија, но нема генерал.

Со убиството на Оки, криминалната група „Дуќанџик“ остана обезглавена, но сепак и по вториот напад врз Штекли на социјалните мрежи се објавуваат закани до Штекли од псевдоними кои се поврзуваат со „Дуќанџик“.

Единствениот жив лидер на „Беланоца“, пак, Фатљум Ајети-Тоте е во притвор.

Според неофицијални и непотврдени информации, Даци, кој беше убиен во Приштина, е поврзан со последниот приведен за двојното убиство со  Гани Марку, кој исто како и Даци го сменил презимето, односно претходно се презивал Туша. И тој се барал со меѓународна потерница и е повратник од боиштата во Сирија, поточно припадник на групата Ал Нусра.

Од официјалните и неофицијалните информации може да се заклучи дека осомничени за убиството во „Шиша бар“ се припадници на групата „Барон“.

Сегашното прегрупирање меѓу криминалните групи не е ново, вакво потреси имало и по убиството на Наим Ајети, кога доаѓа до превласт и прегрупирање во подземјето. Групата „Дуќанџик“ ја презема контролата, пружаат „заштита“ на казината и рестораните.

Во меѓувреме, склопуваат пакт со групата „Грчец“, предводена од Муареми Шеваљ, чии членови беа гонети во полициската акција „Планина“ за трговија со дрога и други кривични дела.

Сепак, Шеваљ останат недопрен. Во тој период излегуваа снимки како се забавува во Шпанија, во друштво на фудбалерот Лионел Меси. Легендите велат дека секогаш знаел навремено да се дистанцира поради информациите од добри дојавувачи. Потоа разбравме дека е во Дубаи. А каде е сега не се знае.

Неодамна беше приведен организаторот на трговија со дрога од селото Грчец, кој е дел од случајот „Планина“ по кого беше распишана и меѓународна потерница во 2021 година.

Засега не е расчистено ниту едно од овие мафијашки убиства, па бандите меѓусебе се пресметуваат кој да ги преземе милионските нелегални бизниси.

Останати вести