Јапонија може да се приклучи на АУКУС

САД, Австралија и Велика Британија започнуваат преговори за привлекување на нови членки во тристраниот одбранбен сојуз АУКУС, јави весникот „Фајненшл тајмс“.

Се наведува дека Вашингтон се залага во алијансата да се вклучи Јапонија како фактор на задржување на Кина.

Министрите за одбрана на трите земји треба да објават дека се разгледува „втора компонента“ од пактот што, меѓу другото, предвидува и соработка во истражувањата поврзани со квантната област и разработка на подводни воени и суперсонични тахнологии, кибер технологии и вештачка интелигенција, соопшти изданието повикувајќи се на извори запознати со ова.

Според „Фајненшл тајмс“, раширувањето на „првата компонента“ поврзана со испорака на атомски подморници на Австралија засега не се разгледува.

AUKUS e создаден од трите земји во 2021 година и е дел од  спротивставувањето на експанзијата на Кина во Индо-тихоокеанскиот Регион.

Претседателет на САД, Џо Бајден, се стреми да го засили партнерството со земји сојузнички во Азија, како Јапонија и Филипините. 

Амбасадорот на САД во Токио, Рам Емануел, деновиве објави коментар во „Волстрит џурнал“ дека Јапонија планира „да стане првиот дополнителен партнер од втората компонента“.

Останати вести