По демонстрациите во Џакарта и палењето на знамиња на Австралија, заладувањето на односите со Индонезија стана првата интернационална задача за прајминистерот Тони Абот.
Скандалот со прислушкувањето се однесува за периодот од 2008 година, кога на власт во Австралија беа лабуристите, а не конзервативците на Абот.
Откритијата ги затегнаа односите меѓу Австралија и Индонезија, по претходните информации дека австралиската амбасада во Џакарта била користена како дел од мрежата за шпионирање раководена од САД. Инаку, овој скандал е заради протекувањето на информации од САД, нејзини разузнавачи имале проекција пред јавноста во која ги дале овие информации. САД во неколку наврати досега имаше големи шпионски афери од кои се уште излегуваат засрамувачки детали за сојузниците.
Документите објавени од поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност на САД (НСА), Едвард Сноуден, покажуваат дека австралиските специјални служби повеќепати се обидувале да го прислушкуваат мобилниот телефон на Јудхојоно и цели 15 дена во август 2009 година ги следеле неговите разговори.
Според документите, биле прислушкувани и телефонските разговори на сопругата на Јудхојоно и на серија индонезиски владини функционери, меѓу кои и потпретседателот Боедионо.
Австралискиот премиер Тони Абот, после протестите во Џакарта и повлекувањето на амбасадорот на Индонезија од Канбера, му испрати писмо на претседателот Јудхојоно.
Во парламетот на Австралија водачот на опозицијата Бил Шортен даде целосна поддршка на Владата на Тони Абот, во врска со скандалот со Индонезија, барајќи внимателност и предлагајќи да се работи на подобрување. Во Австралија има големо разочарување од фактот што САД со својата невнимателност и нанесоа штета на државата.
Во наредниве денови ќе можеме да видиме дали ќе се смират страстите и дали писмото со извинување ќе ја подобри ситуацијата.
Австралија е загрижена за биснис интересите, посебно за својот извоз на сточна храна и месо во Индонезија. Во оваа островска држава живеат околу 4,000 државјани на Австралија и е втора дестинација по Нов Зеланд за туристите од континентов.