Прајминистерот Тони Абот со посетата на Индонезија успеа да ги смири страстите и вознемиреноста во таа земја и да воспостави темели за понатамошна соработка. Абот во својата прва интернационална посета како лидер на Австралија успешно направи контакт со првиот човек на Индонезија, претседателот Сусило Бамбанг Јудијоно.
За разлика од неговиот либерален претходник Џон Хауард, кој не можеше долго време ниту по телефон да зборува со водачот на Индонезија, ова се смета за добар исчекор во намерата за зајакнување на границите и запирање на бродовите со бегалци што доаѓаат од оваа островска земја.
Во исто време се дискутираше за бизнисот и можностите тој да се зголеми, притоа Абот потенцираше дека е незадоволително сегашното ниво во кое поголема е трговската размена со Нов Зеланд, кој има четири милиони жители наспроти оваа островска земја со 250 милиони.
13 Aug 2024