Агим Kрасниќи завршил во самица откако со нож пробол друг затвореник во затворот „Идризово”, потврдија од казнено поправната установа.
Според управата на затворот, Kрасниќи имал помош од свои поддржувачи при нападот во кој соперникот со ножот го пробол во нога. Повредениот затвореник бил пренесен во Ургентниот центар, а Kрасниќи бил сместен во самица.
Случајот го истражува МВР, а според првичните информации, мотив за нападот е одмазда бидејќи ранетиот затвореник во еден судски случај сведочел против Kрасниќи.
По расветлување на инцидентот против Kрасниќи ќе биде поднесена кривична пријава. Доколку Јавното обвинителство ја прифатена пријавата и поднесе обвинение против Kрасниќи, осуденикот може да биде осуден на нова затворска казна. Тој во моментов издржува затворска казна од 15 години за неколку кривични дела.
Kондовецот Kрасниќи стана познат во јавноста откако терористичката група предводена од Kосовецот Лирим Јакупи- Нацист го запоседна Kондово и се закануваше со гранатирање на Скопје.
13 Oct 2024