Обвинувањето отфрлено во точките за уценување на амбасадорот и кражбата

Во понеделникот, на 2 септември, на обновеното судење во Австралија околу упадот во станот на ексамбасадорот Перо Стојановски, за кого беше обвинета  Лидија Думбалоска, 40,  се случи изненадување. Судот ги отфрли повеќето обвиненија против неа.

 

Парот бил во романтична врска една година, но таа завршила после наводната провала во 2011, дозна судот.

Австралиските медиуми  го објавија повлекувањето на обвиненијата, особено за тоа дека Думбалоска го уценувала Стојановски за пари во замена за доверливи документи. Според “Канбера тајмс”, судот  ги отфрлил обвинувањата после доказите со кои  кредибилитет на Перо Стојановски бил доведен во прашање.

Судот ја ослободил од  кауцијата и рестрикциите што биле ставени врз Думбаловска, но таа и понатаму ќе треба да одговара за помали обвиненија во локалниот суд во Канбера.

Стојановски сега е повторно во Австралија поради судењето, но и   според некои тврдења, дека сака да мигрира тука.

Останати вести