Континентите Америка и Европа ќе се судрат

Научниците од австралискиот универзитет „Монаш„ во Мелбурн објавиле студија за првите знаци за можно приближување на двата континенти Америка и Европа во облик на „ембријска” субдукциска зона во близина на португалскиот брег. Времето на судирот на Америка и Европа се проценува на 220 милиони години

 

Вакви зони се создаваат кога една тектонска плоча се подвлекува под друга. Австралиските геолози изработиле мапа на дното на океанот и пронашле место каде тоа почнало да се крши. Тоа е почетокот на новата фаза во „Вилсоновиот циклус”, што претставува низа од процеси наречени според канадскиот геофизичар „Џон Вилсон”, кој открил дека океаните, во периодите од стотина милиони години, се отвораат и затвораат.Сударот на тектонските плочи, кои се сметаат за млади според геолошката скала на времето, можно е да го предизвикал катастрофален потрес во Лисабон во 1755 година, кога португалската престолнина беше претворена во урнатини.

Останати вести