Американското Министерство за правосудство најверојатно нема да го тужи основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, за објавување на доверливи информации. Таквата одлука е донесена затоа што во Министерството за правосудство сфатиле дека нема да можат да го тужат Асанж а истото да не го направат и со американските весници
Двајцата функционери рекоа дека формалната одлука се уште не е донесена, но нагласија дека мала е веројатноста дека Асанж ќе биде процесуиран, освен ако не биде вмешан во некое друго кривично дело.
Работата е во тоа што Асанж не е виновен за „истекување„ на информации, туку само ги објавувал исто како и новинарите.
-А, ако не сакате да ги тужите новинарите за објавување на информациите, што Министерството нема да го направи, нема начин на кој би можеле да го тужите Асанж, истакна портпаролот на Министерството Метју Милер.