Австралиската полиција уапси 15 лица во голема антитерористичка операција, откако националното разузнавање достави информации за подготвување на напади во земјата, објави „Асошиејтед Прес”.
Околу 800 федерални полицајци упаднаа во живеалиштата на осомничените во Сиднеј, Бризбен и Логан, изјави заменик – комесарот на федералната полиција, Ендрју Колвин.
Приведувањата се извршени на само неколку дена откако Австралија го зголеми нивото на готовоност на безбедносните служби, како знак на одговор на заканата од приврзаниците на групата „Исламска држава”.
Колвин дополни дека според сомнежите на полицијата, уапсените планирале самоиницијативно да изврпшат жестоки напади во Австралија.
Австралискиот премиер Тони Абот, на прес – конференци, објави дека граѓанин на Австралија, кој е високопоставен член на радикалната група, повикувал на социјалните мрежи во Австралија „да се извршат убиства”.