Во спотот основачот на Викиликс комбинира рап и рок музика, за на тој начин да им даде поддршка на кандидатите на својата неодамна основана „Партија Викиликс„ на претстојните избори во Австралија
Џулијан Асанж е главна ѕвезда на видео спотот кој ги промовира кандидатите на Викиликс на претстојните избори во Австралија. Асанж во видеото се појавува облечен како рок ѕвезда на 80-тите години на минатиот век и на главата има перика и трака.Преку спотот тој им дава поддршка на шесте кандидати на неговата партија. Видео клипот претставува пародија, затоа што ги исмејува главните фаворити на претстојните избори.
Својот дел во видео спотот, Асанж го снимил во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде основачот на Викиликс се наоѓа подолго од една година.
Австралијанецот ја основаше партијата на крајот на минатиот месец, а клучните вредности на истата се транспарентност, одговорност и правда.