Принцот Хари (29), четвртиот во линијата за наследство на престолот, минатава недела беше во шатл посета на Сиднеј, во чест на прославата 100 години на Австралиската кралска морнарица. Иако тој и порано има доаѓано во Австралија, ова за него беше прва официјална посета по покана на Владата и претставувајќи ја кралската фамилија. Исто така ова беше и најкратката посета направена од монархијата бидејќи принцот Хари замина после 48 часа.
За време на прославата во Сиднеј жителите имаа можност да го видат прекрасното шоу од морнарицата која со 100 плотуни од топовите го одбележа празникот. Особено беше интересна непосредноста на принцот кој се поздравуваше и сликаше со насобраниот народ.
13 Oct 2024