Австралија спаси брод со бегалци што никој не сака да ги прифати

Во близина на островот Јава, во територијалните води на Индонезија, Австралија испрати спасувачка екипа на брод во неволја. Сите патници се евакуирани но не се знае која ќе биде нивната судбина понатаму. Официјална Џакарта не сака да бидат вратени. Владата на Абот бараше да се прифати групата од 60 луѓе бидејќи била во нивни тероторијални води, но досега нема потврден одговор од таму.

 

Во мандатот на Тони Абот веќе двапати Индонезија прифати бродови со бегалци, но сега ситуацијата е изменета и има заладување на односите поради скандалот со шпионирањето во кој дипломатски претставништва на Австралија низ Азија, вклучувајќи и едно во Џакарта, биле инволвирани во прислушкувачката мрежа на САД. Поради овој настан Индонезија го опомена амбасадорот на Австралија и односите се затегнати.
Се очекува дека бегалците најверојатно ќе бидат префрлени во кампови во Папуа Нова Гвинеја, или во Науру.

Останати вести