Австралијанците се втори најбогати на планетата

Швајцарија се уште е најбогата земја на планетата, покажа најновото истражување на банката Креди Свис, веднаш зад неа е Австралија

Покрај нестабилното економско опкружување, богатството на швајцарските домаќинства е зголемено во периодот од средината на  2012 година, до средината на 2013 година.Просечниот имот по жител во Швајцарија на крајот на јуни годинава вредеше 513.000 долари, што е 6,1% повеќе отколку една година порано, и речиси 10 пати повеќе од просечната вредност на имотот на светско ниво која изнесува 51.600 долари.

На листата најбогати, на која доминираат западните земји, зад Швајцарија се наоѓа Австралија со 403.000 долари во просек, а на трето место се Норвежаните со 380.000 долари. Во Австралија бројот на милионери е зголемен од минатата година на 38,000 на секој 1,123 милион луѓе и постои најдобар баланс од развиените земји.

Потоа следат Луксембург со 315.000, САД со 301.000 долари и Шведска со 299.000 долари.

На седмото и осмото место, со еднакво просечно богатство по жител се наоѓаат Франција и Сингапур, единствена земја од Истокот на листата на најбогати, со просечен имот вреден 296.000 долари.

Во топ 10 влегоа и Белгија со 256.000 долари и Данска со 255.000 долари по жител во просек.

Што се однесува на екстремно богатите, а тоа се лицата чиј имот вреди повеќе од 50 милиони долари, се проценува дека ги има вкупно 98.700 во светот. Меѓу нив, 33.900 лица располагаат со имот повреден од 100 милиони долари, а 3.100 поседуваат богатство поголемо од 500 милиони долари.

Во Северна Америка се наоѓаат 49% од екстремно богатите, во Европа 25% и во регионот Азија-Пацифик 22%.

Останати вести