Австралискиот премиер Тони Абот потврди дека разузнавачките служби пресретнале разговори за потенцијален напад на парламентот, притоа стравувајќи дека премиерот и други владини службеници се првите цели за напад.
Тој додаде дека безбедноста речиси моментално била крената на повисоко ниво.
– Советите на нашата полиција и на безбедносните агенции беа дека напади од ваква природа може да се случат за неколку дена. Затоа реагираа – истакна Абот.
Во парламентот веднаш се распоредени повеќе полицајци, а според медиумите, нивниот број драстично ќе се зголеми за да се обезбеди зградата која сега е меѓу најслабо обезбедените во земјата. Другите мерки вклучуваат бариери, како и безбедносни проверки на аеродромите. Се’ уште не се знае дали заговорот во Kанбера е поврзан со осомничените кои беа уапсени во Сиднеј и Бризбејн.
Раководителот на австралиската федерална полиција за контратероризам, Нил Гоган, потврди дека била воспоставена врска меѓу 21-годишниот Агим Kруези, кој е уапсен во Бризбејн, и 22-годишниот Омарјан Азари, кој беше уапсен во Сиднеј поради наводните планови за обезглавување, пренесе австралиски „Дејли телеграф”.
Во домот на Kруези во Бризбејн биле пронајдени мачета, капа за маскирање и огнено оружје. Врховниот суд во Kвинсленд одби да му одобри кауција на Омар Сукареих, кој беше уапсен со Kруези. Тој е обвинет за обезбедување пристап до финансиски средства за групата Џабат Ал-Нусра, која е поврзана со Ал каеда. Тој исто така е брат на првиот бомбаш-самоубиец во Австралија, Ахмед Сукариех, кој се самоуби во Сирија минатата година.
Извори од австралиското разузнавање откриваат дека нивото на софистицираност ги алармирало, но и ги надминало активностите на терористите уапсени во 2005 година.
Азари се појави во централниот локален суд и беше обвинет за заговор со Мохамад Барјалеи и други за дејности за подготовка на терористички напад. Се верува дека Барјалеи е најефикасниот регрут на млади Австралијци во Исламската држава.
Во Вентвортвил во беше уапсен 21-годишниот Kава Алоу, кој тврди дека притоа му бил скршен носот.
– Велат дека рацијата била за терористички активности или така нешто. Можеби се дружам со еден или двајца што беа вжештени глави. Бараа електроника, бомби, огнено оружје, муниција, телефони, броеви. На листата имаше 20 имиња. Некои ги знам, некои не. Нивна цел се сите муслимани. Ајде да одиме кај овој тип само затоа што има долга брада, само поради тоа што се моли пет пати и се обидува да избегне зло – објаснува Kава.
13 Aug 2024