Богослужбата за Голема Богородица во МПЦО “Успение на Пресвета Богородица” во Сиднам, во неделата ја одржа протоереј ставрофор Ефтим Бетински.
Патрониот празник на МПЦО “Успение на Пресвета Богородица” се прослави во црковната сала каде имаше организирано бал, а присутните ги забавуваше музичката група “Стела Бенд”.
Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица е значаен христијански празник, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Овој ден се празнува на 28 август по стариот календар, или 15 август по новиот календар.
02 Dec 2024