Балканските војни и поделбата на Македонија : историска перспектива

КОНФЕРЕНЦИЈА ВО МЕЛБУРН

Минатата седмица, од  средата до саботата, во Мелбурн, на  Monash University Law Chambers, на 555 Lonsdale St,   се одржа конференцијата за Балканските војни.

Организатор беше Австралиско-македонскиот комитет за човекови права, а спонзори беа Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија (Св Ѓорги од Епинг), Австралиско македонската младинска асоцијација, Македонската заедница од Аделаид, МПЦ Успение на Пресвета Богородица од Сиднам, Македонската заедница од Бризбен. Оваа средба се обиде да придонесе и во разбирањето на проблемите со меѓународното признавање на Македонија. На неа зедоа учество  професорите Ендрју Росос од Универзитетот во Торонто, Виктор Фридман  од Чикаго, Катерина Колозова од Американ колеџ од Скопје, Кејт Браун  од Ватсон институтот на Универзитетот Браун, Питер Хил од Универзитетот во Хамбург, Акис Гаврлидис од Универзитетот Македонија во Грција, Далибор Јовановски од „Свети Кирил и Методиј”, Пандора Петровска од La Trobe Универзитет, Д-р Џим Хлавач од Универзитетот Монаш итн.

Во првиот ден се разгледуваше поделбата на Македонија во контекст на долгата историја на македонското прашање. Фокусирајќи се на неуспехот на поделувачите на Македонија – Бугарија, Грција и Србија – со што не се реши македонското прашање, од самиот почеток македонското прашање не беше бугарски, грчки или српски проблем, како што тие денеска тврдат, туку тоа бил македонски  проблем,  на мнозинството од жителите што го зборувале тој јазик.

Ефекти од 1913 Договорот врз јазиците во Македонија

Професор Виктор Фридман зборуваше за судбината на јазици што се зборувале во Отоманската вилаетите, чија територија  е позната како Македонија, во времето на поделбата во 1913, со Договорот од Букурешт. Големи сегменти од населението  биле  мешани и повеќејазични, со богат фолклор, како и граматички и лексички споделувања  кои го карактеризираат и денеска Балканот. Судбината не само на македонскиот јазик, туку и на сите јазици на Македонија во времето на нејзината поделба   била поврзана со  политиките на соодветните нации-држави на кои им биле доделени тие области. Во Егејска Македонија (Грција) , ова значело етничко чистење,  и хеленизација. Во Пиринска Македонија (Бугарија), тоа значи, поголемиот дел од времето, бугаризација. Македонските села доделени на Албанија по Договорот од Букурешт  доживеале  јазична асимилација во некои предели. Во делот првично доделен на Србија, која сега е Република Македонија , крајниот резултат  е воспоставувањето на денешниот македонски јазик, признат во светот како литературан.

Џорџ Влахов ги објасни обидите на грчката држава и некои од нивните поддржувачи да обезбедат историски оправдувања за спречување на меѓународното признавање на Република Македонија и за негирање на правото на Македонците да се декларираат себеси  и нивниот јазик како македонски.

Професорот Питер Хил се осврна  на македонскиот литературен јазик, кој  е кодификуван по Втората светска војна во Македонија.  Процесот на стандардизација може да се проследи наназад барем до книгата на Крсте П Мисирков За Македонците работи ( 1902 ), додека предисторијата на кодификација оди наназад во 19 век. Како и другите европски стандардни јазици, тој содржи и автохтони и позајмени елементи. Морфологијата на македонскиот стандардизиран јазик се базира на источно -Јужнословенски дијалекти што се говореле во Македонија, додека синтаксата и лексиката биле под влијание на соседните и сродни јазици.

Пандора Петровска од Мелбурн зборуваше како Македонците во дијаспората се соочиле со последиците од поделбата на нивната татковина, сиромаштијата која настанала од  одземањето на земјиштето и  размената на  населението. Таа зборуваше и за искуството на бегалците  и ефектите од присилната  миграција. За многу луѓе овие процеси резултирале со распаѓање на поширокото семејство, трауми и жал за изгубените членови на семејството.

Останати вести