Австралија соопшти дека ќе даде воена опрема и помош во борбата против милитантите на Исламската држава.
Премиерот Тони Абот соопшти дека Владата на САД побарала од Австралија помош за транспорт на воена опрема, вклучувајќи оружје и муниција, како дел од меѓународните напори. Абот изјави дека неговата земја ќе им се приклучи на Канада, Италија, Франција, Велика Британија и Соединетите Држави со цел “да се спроведе оваа важна задача.” Претходно австралиски воени авиони спроведоа акции за хуманитарна помош и донесоа храна и вода за илјадници луѓе заробени од борбите на планината Синџар во северен Ирак. Абот изјави дека заедно со меѓународните партнери Австралија ќе продолжи да работи на отстранување на безбедносните закани од страна на милитантите.
02 Dec 2024