GKR карате е интернационална боречка вештина со десетици илјади членови низ светот. Светското првенство во GKR карате минатиот месец се одржа во олимпискиот парк во Сиднеј и траеше три денови.
Натпреварувачи имаше од САД, Британија, Нов Зеланд и Австралија, што се бореа за титула на овој престижен турнир.Брендон Ирадејл кој има македонско потекло е од населбата Кингсбури во Мелбурн, после успешна борба со шест натпреварувачи од Австралија, Нов Зеланд и САД го освои златниот медал и светската титула во младинска категорија.
Брендон се надева дека ќе стигне до црниот појас во карате, што ќе продолжи да биде негова пасија во животот.
Инаку, за Брендон имаме пишувано и кон крајот на минатата година дека тренира карате и боречки вештини.
Тој на државното првенство во GKR карате на Викторија, кое се одржаа на 16 септември 2012 година, успеа да победи и да го освои првото место и стана 6ти Кју шампион на Викторија во GKR карате, од каде и директно се квалификуваше за овој турнир. Родителите на Брендон, Брет и Џули Иредале, и дедото и бабата Јоне и Разма Прензоски (од Бандура) се исклучително горди на неговите достигнувања.
13 Aug 2024