Нарачале бродови кои едвај можат да поминат под мостовите

Портпаролката на Агенцијата за сообраќај и врски на Нов Јужен Велс, призна дека 10 траекти во сопственост на Сиднеј не можат без проблем да поминат под мостовите „Камелија” и „Гасворкс”.

Поточно, новите бродови можат да поминат под мостовите, но патниците ќе мора да се наведнат или пак да се симнат на пониските нивоа.
Бродовите кои се градат во Сингапур и Индонезија би требало да пристигнат во Сиднеј во текот на оваа година, а дизајнирани се така што патниците ќе можат да уживаат во погледот на најголемиот австралиски град. Но, за да уживаат во погледот, патниците ќе мора два пати да се наведнуваат или да се симнат на пониската палуба. Опозициските политичари веднаш го критикуваа министерот за сообраќај на Нов Јужен Велс, Ендру Констанс, тврдејќи дека тој купувал „од полица” без да провери дали траектите ги исполнуваат условите.
„Власта признава дека патниците ќе мора да се наведнуваат или да се симнат на пониската палуба. Им беше кажано повеќе пати – изградете ги бродовите во нашата земја. Тие инсистираат да се градат во странство и тогаш се случи овој дебакл. Ова фијаско покажува зошто тие траекти треба да се градат во Австралија”, изјави Крис Минс.
Локалниот активист Граем Тејлор изјави дека несоодветните траекти треба да се префрлат на други рути и дека тие не смеат да се користат на рутата по реката Парамата.

Останати вести