БУГАРИЗАЦИЈА?

1.

Политичката ситуација во Македонија повторно зоврива. Оваа перманентна состојба на нестабилност е многу штетна за државата. Искричењата  се за  притворот на Мирослав Шиповиќ, кој е претседател на Советот во општина Центар. Тоа е истата општина во која се гласаше три пати и на секое гласање опозицијата победуваше со голема разлика иако беа фатени претставниците на власта како ги носат тајните гласачи од други места.

Неофицијално се разгледува можноста слична мерка да се преземе и со општина Струмица, каде што “спротивно” на законот, тендерите наместо роднини на Силвана Бонева, упорно ги добивале роднини на Зоран Заев.

ВМРО–ДПМНЕ за обвинувањето на Шиповиќ велат дека ова е заради криминал и дека не се мешаат во работата на судовите.

Опозиционата СДСМ обвинува дека ова се прави за да се изврши притисок и власта да ја добие општина Центар, во која се направени големи криминали врзани за “Скопје 2014”.

Треба сериозно да подзастанат и да размислат не само Владата туку и опозицијата поради можноста од  развој на настаните со несакани последици.

На предвремени избори се оди кога земјата е во криза, парламентарна, економска, демократска итн. И веќе се зборува за нови предвремени избори. Колку ќе бидат корисни тие, никој не знае.

2.

Дознаваме дека хуманитарниот настан за собирање средства за Домот за згрижување на децата во Македонија, што се планираше за понеделник, на 4 ноември 2013 е одложен.

Во наредниве месеци ќе ве известиме кога ќе се закаже новиот термин.

3.

Во време кога сите НАТО земји бегаат од Авганистан, Македонија најави дека ќе остане и после 2014 година.  Опасноста за војниците повеќекратно ќе се зголеми со повлекувањето на трупите на САД, Британија и Австралија.

Дали е вредно да ја ставаат главата во торба војниците на Македонија, е прашање што треба поскоро да се разгледа.

4.

Директорот на Државниот архив, Зоран Тодоровски  тврди дека повеќе години сите македонски дејци во минатото  се изјаснувале за Бугари, од Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Даме Груев, Јане Сандански итн. И тој истиот е добитник во 2008 година на државната награда “23 Октомври” што се доделува во чест на државниот празник, Денот на ВМРО!

Сега е во тек вториот дел на овој  проект на “осознаените” со воскреснувањето и рехабилитацијата на Тодор Александров, кој отпрво срамежливо се прикажажуваше како војводата на коњ, за на крајот да осамне како таа личност. Декларираниот Бугарин со тапија,  Ванчо Михајлов, кој пред да умре во 1990 година изјави дека Македонците  се говеда и дека се измислица на Белград.  Сите ние од Австралија како Македонци сме растревожени и чувствителни на Врховистите кои би сакале да не однесат во прегратка на Бугарија. Гаранција за нашето постоење е независната држава Македонија, бидејќи гледаме и слушаме како суровата асимилација е еднакво жестока во Пирин и во Егеј.

Во моментов се што смрди во Македонија поврзано со прекројувањето на нашата историја доаѓа од истата кујна, а главен готвач е токму Тодоровски, најголемиот афирматор на повампирениот неоврховизам,

Пред 70 години Македонците се служеле со  букви од бугарската и српската азбука, а имало и обиди за користење на грчката и латинична азбука, на учени луѓе, како Григор Прличев, што сакале да ги запишат своите мисли. Тоа било така бидејќи сме немале со векови своја држава и можност да имаме свои школи.  А таа можност се создала дури во 1944 година, кога  антифашистите ја извојуваа слободата.

Во прилог ви пренесуваме некои од ставовите на Зоран Тодоровски.

Скандалозни ce ставовите на Зоран Тодоровски

Речиси сите наши дејци, од левицата и десницата во етничка смисла биле исти, сите се декларирале за Бугари. Исти биле и за самата идеја, целта на организацијата – самостојна, независна, обединета Македонија. Меѓутоа во методот и средствата за постигнување на истата цел, се разликуваа. Левите се залагаа за ослободување и создавање на автономна, независна и самостојна Македонија по легален пат, а десницата, односно Тодор Александров сметал ако не може да се дојде до слобода по легален пат, да се применат и револуционерни средства, или поточно да се дејствува преку вооружените четнички акции на организацијата. Би сакал да подвлечам, независно како некој се чувствувал, може да биде Французин, Русин, Ерменец, важно е за каква цел се борел во однос на Македонија, а тоа несомнено било, како што се потврдува од бројните документи на Тодор Александров – за самостојна, независна Македонија. Тоа е и денешниот идеал, да опстои нашата Република Македонија. Идеалот треба да биде ист и кај Албанците, Турците, Ромите, Власите, Србите. Да се зачува интегритетот на независна и суверена Република Македонија, без разлика кој како се чувствува.

Според Блаже Ристовски “Ѓорче Петров се борел за македонска национална свест и затоа бил убиен”?

– Претходно кажав дека тоа воопшто не е точно. Нека каже каде Ѓорче Петров се борел за македонска национална свест и како се декларирал. Можам да посочам стотици документи каде тој се декларира како Бугарин. Сите се декларирале како Бугари, и Мисирков. Погледнете ги текстовите на Ѓорче Петров од 1919 година во Билтенот на Привременото претставништво на бившата обединета ВМРО, а да не говориме за неговите новинарски прилози пред 1919 година. Секаде во етничка смисла се идентификува како Бугарин, исто како и сите други дејци на ВМРО. Не само што Ѓорче Петров како 20-годишно момче бил бугарски доброволец во српско-бугарската војна 1885 година, туку бил и кмет во служба на бугарската власт за време на Првата светска војна. Речиси сите дејци што припаѓале на левата струја на ВМОРО, па и Ѓорче, Димо Хаџи Димов, Арсени Јовков, Димитар Влахов и др., за време на Првата светска војна биле во служба на бугарската административна власт во Македонија како кметови  и окружни началници.

Останати вести