Буковци повторно заедно за Преображдение

Во саботата, на 16ти август, во убавата сала Голден Стар Ресепшн во Епинг домаќините од селото Буково од Мелбурн на многу свечен начин го прославија православниот празник Преображдение.

Ова по традиција го прават секоја година но овојпат бевме гости и ние од Сиднеј, кај нашите блиски, фамилијата Марчевски и фамилијата Илиевски, на кои многу им благодариме за нивниот топол пречек. Салата беше полна и свечено уредена, услугата на високо ниво а пак храната вкусна и во доволна мера. Имаше убава музика како и пеачи во живо.
Вечерта започна со божественана молитва за осветување на убавата погача и пченицаата кои беа подготвени од домаќините, односно кумовите за оваа година што седеа на главната маса, Навистина убави весели и млади луѓе. Атмосферата во салата беше многу убава и весела, сите играа и се веселеа од срце. Возбудливо беше што по повеќе од 20 години мојот сопруг Миле, кој потекнува од селото Буково, можеше да се види со неговите другари од детството со кои што оделе заедно на училиште и се дружеле. Можев да забележам колку голема беше радоста на лицето и насмевот на Миле.
Вечерта се играше и пееше до доцна во ноќта, но најинтересно беше последното оро, Костумбе, кое што е традиционално и покажува како се сади пиперот во Буково. Ова е претежно машко оро каде што во играњето еден од мажите држи метла или мапа со рака, кој не ќе клекне и покаже како се сади пиперот е удиран (нежно) по главата и така со ред се игра и пее како се сади пиперот. Дупни дупче клај коренче, вака се сади пиперот. Убаво беше што имаше неколку витки млади момчиња на орото кои што се нашата иднина и тие ќе ја пренесуваат нашата убава традиција и култура на помладите поколенија.
Сакаме да му изразиме благодарност и на управниот одбор што го најавија нашето присуство, како и присуството на уште еден буковчанец, Пандо Пуплиоски, како гости од надвор од Мелбурн и ќе се потрудиме да направиме вакво дружење и овде во Сиднеј со нашите соселани Буковци.

Славица Марчевска

Останати вести