1.
Иако не може да се разграничи кој од лекарите оди во странство заради стручно усовршување или си нашол работа, сепак бројките покажуваат дека од година во година бројот на лекари кои бараат подобар просперитет надвор од нашите граници, е се’ поголем.
Така, во 2008 година 32 лекари побарале од Лекарската комора потврда дека се лиценцирани лекари. Следната година тој број бил 41, за во 2010 година да се зголеми двојно, односно потврда за работен азил побарале 86 лекари.
Во 2011 година бројката се искачила на 125 лекари, а минатата година 140 лекари подигнале потврда. Да запре овој тренд на лекарски егзодус многу не помогнаа најавените околу 200 нови вработувања во здравството и 500 специјализации за пет години. А во земјава има само околу 7.000 лекари.
Оваа година веројатно ќе биде и рекордна по бројот на лекари кои заминале во странство. Ова може да се насети и по тоа што само за првите шест месеци годинава 107 лекари заминале во странство. Иако меѓу овие лекари има и такви кои побарале потврда заради времен престој во странство и стручно усовршување, сепак за Комората тие се знак за аларам.
Посебно што според неофицијални бројки годишно во странство заминуваат најмалку по 200 лекари.
Најчеста дестинација е Германија, а по неа е Словенија. Во последните години меѓу атрактивните земји кон кои се упатуваат лекарите се’ повеќе се Арапските Емирати, односно Дубаи и Катар, потоа следуваат Шпанија,, Португалија, Велика Британија, Хрватска.
2.
Поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов вели дека со оградувањето од правните квалификации, ВМРО-ДПМНЕ не признава дека на 24 декември имало уставни прекршувања.
И сега што законот е прекршен, никој нема гајле.
Вниманието се одвлекува со нудењето на предвремени избори и плачењето дека опозицијата не сакала.
Навистина премногу чудно? Коалициските партнери на власт контролираат две третини од парламентот и имаат можност ако навистина Груевски и Ахмети сакаат избори можат уште утре да изгласаат предвремени избори.
Сега ако ги слушнете и трубите на Владата дека Македонија е ниско задолжена земја, треба да знаете дека почнале подготовките за избори.
Рибата има 2 само секунди интелигенција, но дали имаме и ние…
3.
Традиционалната церемонија за кревање на знамињата, по повод 8ми септември, денот на независноста на Република Македонија ќе се одржи на Federation Square в недела, на 8 ми септември, во 11: 00 часот.
Оваа традиција во 2008 година, ја започна Советот за Мелбурн и Викторија кога беше предводен од Злате Ничевски. На тој ден знамето на Македонија се вее во центарот на градот.
Желбата од година во година да се надоградува оваа церемонија и да има соодветна содржина останува…
4.
Австралиско-македонскиот комитет за човекови права на 7 септември ќе одржи конференција по повод 100 години од завршувањето на Втората балканска војна која кулминираше со Букурешкиот договор со кој Македонија беше поделена.
Учеството на конференцијата го потврдија повеќе еминентни професори: Ендрју Росос (Andrew Rossos) од универзитетот во Торонто, Виктор Фридман (Victor Friedman) од Чикаго, Катерина Колозова од Американ колеџ од Скопје, Кејт Браун (Keith Brown) од Ватсон институтот на универзитетот Браун, Питер Хил (Peter Hill) од универзитетот во Хамбург, Акис Гаврлидис (Akis Gavrillidis) од универзитетот Македонија во Грција, Далибор Јовановски од “Свети Кирил и Методиј”..
5.
Перо Стојановски ексамбасадорот на Македонија во Канбера и поранешен министер на Груевски, пред неполни две години ненадејно се повлече од функцијата “заради здравствени причини”.
Љубовната авантура со тешки последици за Лидија Думбаловска и Перо Стојановски полека доаѓа кон својот крај. Врховниот суд во Канбера веќе се одржа и сега ќе следат мали продолженија во наредните месеци.
Сегашниот судски спор ќе ги покрене и прашањата како државата сака да биде претставена во светот.
Сигурно интересно допрва ќе биде и за податоците околу приказната со компјутерот и “доверливите преписки со МНР”.
И сега како ни настрадал дипломатот?
Си купил нов бумеранг, а стариот го фрлил.
6.
Оваа сабота, на 7 септември, се одржуваат федералните избори во Австралија. Ќе имаме можност сите како државјани да го дадеме својот глас за она што мислиме дека е исправно.
Без разлика дали некој ќе гласа за конзервативна или прогресивна опција, ова е празник на демократијата.
7.
За што преговара Ахмети во Атина? Дали средбите на челници на ДУИ со грчките министри за надворешни можеби не се всушност преговори за името!? Со пораки од Груевски (кога веќе Грците не сакаат средба со македонски челници)
13 Oct 2024